Здраво тело

Туширање врело – ладно, за подобра циркулација, сон…

Оние кои уживаат да се тушираат а со тоа и го засилуваат лачењето на хормонот на среќата, и на самата помисла да експериментираат малку и со ладна вода чувствуваат нелагодност. А всушност комбинацијата топло – ладно при туширањето ни носи најубави ефекти…

Точно е дека се постигнуваат големи промени во колку при туширањето комбинирате со топла и ладна вода, те. Врело и ладно, менувајќи ја температурата од едвај издржливо врела до ледено студена. Ова хидротерапија , која само на прв поглед е непривлечна, ќе придонесе не само за подобра циркулација туку и подобро расположение.

Кога телото ќе се изложи на ниска температура, текот на циркулацијата се движи кон внатрешните органи. Кога телото се изложува на висока температура, циркулацијата од внатрешноста се движи кон надвор, кон кожата. Изложувајќи ја кожата на врело па на ладно, ке ја придвижете циркулацијата. А зошто е тоа значајно…

Прво, ќе ги блокира можните затнувања, тромбовите и слично, но и ќе ја подобри детоксикацијата и движењето на крвта до сите органи подеднакво.

Покрај тоа, ваквото туширање сигурно ќе ги разбуди оние на кои тешко им паѓа раното будење, но верувале или не и ќе ги заспие кои се спремат да си легнат.

Прво наквасете се со вода која ви годи, млака и пријатна. Полека наголемувајте ја температурата до многу врела – така да едвај издржувате. Не се двоумете да го натопите секој дел од телото. Сега намалете на најладна.

Од тоа не може да ви биде лошо – единствената работа која ве дели од таквото туширање е вашата волја. Ако ја имате, ништо нема да ви се случи. Кога ќе го натопете секој дел од телото, повишете ја температурата на малку потопла од претходната врела. Повторувајте го менувањето 3 – 7 пати, секојпат поместувајќи ја границата на потопло и поладно .

Многу дами ќе се израдуваат на информацијата дека ваквиот начин на  туширање е доста ефикасен и во борбата против целулитот.

Врело – ладните туширања се препорачуваат и во терапевтски случаи и тоа 3 пати на ден. Ваквата терапија е идеална со обѕир на тоа и што е евтина, пријатна, без никакви штетни последици и прави да се чувствувате подобро.

Напиши коментар