ШоуБиз

Уапсен тапанарот на бендот „One Republic“!

Тапанарот на бендот „One Republic“ Eddie Fisher е уапсен во Денвер поради нарушување на јавниот ред и мир, напад и насилно однесување, како и уништување на туѓ имот.

Неговата девојка Loni Rae тврди дека тие двајца се скарале, по што таа се сокрила и заклучила во купатилото, а тапанарот ја скршил вратата и насилно влегол внатре.

Fisher, од друга страна, вели дека прво девојката го удрила него, па потоа му го зела кучето и заедно со него се заклучила, па поради тоа тој бил принуден насилно да влезе. Тој ја поминал ноќта во затворот во Денвер, а утрото е пуштен на слобода со кауција.

Детаљите од апсењето на Eddie (38) засега не се познати, а на неговото чело можела да се забележи мала рана и неколку гребнатинки.

Напиши коментар