ШоуБиз

Уапсена веднаш по Оскарите!

Актерката Шон Јанг ја напуштила традиционалната журка која се одржува веднаш по доделувањето на Оскарите со лисици на рацете.

На овогодинешното доделување на наградите можеше да се види од сѐ по нешто. Имаше дури и апсење во сјајот на т.н. бал на гувернери. Полицијата на Лос Анџелес соопштила дека 52-годишната актерка од филмот „Blade Runner“ е уапсена по инцидентот на забавата која се одржала во една од салите на центарот Хајланд.

Според присутните, актерката се искарала со некој од обезбедувањето и дошло до туркање. Денес, Јанг излегла од затвор со 20.000 долари кауција. Одбила да каже зошто обезбедувањето ја нападнало откако таа пристигнала на балот.

Актерката во 2008 година беше на рехабилитација поради зависност од алкохол.

Напиши коментар