Убавина

Убава и млада кожа со повеќе секс

Нема жена што не сака да има млада и убава кожа па затоа прочитајте ги овие неколку полезни совети на таа тема.

Сексот – ендорфинот и окситоцинот, кои се лачат по време на секс, произведуваат во нашето тело молекули, кои го помагаат процесот на регенерација на кожата. Тие дури можат во голем степен да го успорат процесот на стареење. Така да еве ви еден пријатен начин со помош на кој би можеле да си ја запазите младоста за подолго време.

Омега 3 масните киселини – се особено важни за површинскиот слој на кожата, ги спречуваат воспаленијата и ја одржуваат еластичноста на кожата. Јадете почесто риба или пак земете готов препарат, но правете го редовно.

Зелениот чај е идеалното решение за темните кругови околу очите. Танинот кој го има во големи концентрации во зелениот чај има својство брзо да ги елиминира отоците од лицето. Треба само да поставиме две чаени торбички во студена вода, а потоа на очите за околу 10 минути.

Заштита од сонцето – предвременото стареење, брчките, темните флеки и пигментации, тумори се реална опасност за оние кои злоупотребуваат со прекумерна изложеност на сонце без заштита. Затоа едно од основните правила во козметиката и дерматологијата е редовна употреба на крем со заштитен фактор, и во лето и во зима.

Напиши коментар