Убавина

Убави на природен начин

Во различни делови од светот жените имаат различни ритуали за убавина.

Во Франција жените јадат сирење, лук и јаткасти плодови. Тоа е храната која е добра за здрави нокти, коса и кожа. Освен ова тие секојдневно пијат по една чаша вино. Познато ви е веќе дека виното е еликсир на младоста.

Жените во Грција се базираат на медитеранската исхрана богата со омега 3 масни киселини и многу свежо овошје и зеленчук. Тие пијат и многу јогурт што е одлично за линијата.

Во Индија маските за лице се важен ритуал за убавина. Индијките се познати по убавата, здрава и негувана долга коса. Тие барем еднаш неделно нанесуваат кокосово, маслиново или бадемово масло на косата го оставаат да делува 10 минути и потоа се измиваат со шампон. Доколку сте во можност практикувајте го и овој совет од Индија за убава коса: втријте во косата кокосово млеко. Оставете го да делува еден час, а потоа измијте се. Ова ќе ја направи вашата коса свиленкасто мека и ќе го забрза растот на косата.

Во Јужна Америка авокадото е најголем сојузник на убавината на секоја жена. Исто така го користат и лукот, како во исхраната така и во приготвување на домашните маски.

Напиши коментар