Убавина

Убавина и здравје дома – зимски маски за лице

Убавата кожа на лицето – тоа е еден од најважните атрибути на женската привлечност. Со настапувањето на студеното време таа има потреба од специални грижи и дополнително прихранување. Во домашни услови грижата за состојбата на кожата на лицето, може да се направи со помошта на зимски маски приготвени од природни продукти.

Маска од бел грав

За да ја приготвиме маската потребно е да свариме чашка бел грав, претходно накиснат во вода. Потоа гравот се пасира со помош на вилушка и се додава сок од половина лимон и мала лажица маслиново масло. Така добиената густа каша се нанесува на лицето и треба да делува 20 минути. Отстранете ја маската со помош на салфетка, а потоа исплакнете со млака вода. Маската е соодветна за сува кожа, ќе ја нахрани кожата и ќе го изедначи тенот.

Јапонска маска

За оваа маска потребно ви е еднакво количество мед, брашно и млеко. Маската се нанесува на чисто лице за половина час. Козметичарите препорачуваат редовна употреба на јапонската маска како превенција од стареење.

Напиши коментар