Убавина

Убавина со кокос

Употребата на кокосовото масло може да резултира со побујна и посјајна коса. Кокосовото масло има есенцијални протеини неопходни за раст на косата. Постојаната употреба може да ја зајакне косата, правејќи ја здрава од коренот до врвовите, и давајќи и на косата заштита. Кокосовото масло може да ги намали проблемите со првутот без јаки хемикалии кои се употребуваат во комерцијалните препарати.

Втријувањето во темето исто така има антистресно делување.

Кокосовото масло и сите производи од кокос се основна состојка во некои препарати за нега на косата и кожата, но подобра и поекономична е само употребата на кокосовото масло без да се плати огромна цифра за нешто што не е делотворно.

Кокосовото масло е опасно на собна температура и може да биде безбедно чувано околу две до три и пол години. Мала количина која се користи како балзам или освежувач може да се растопи во дланката на вашата рака.

Кокосовото масло можете да го употребувате за коса на повеќе начини. За длабинска нега нанесете 4 до 5 лажичиња од маслото пред спиење. Дозволете цврстото маслото да се истопи во вачите дланки и втрријте го во темето. Ставете ја косата под капа за туширање и наредното утро измијте ја како што тоа вообичаено го правите.

Ако ова бара премногу време од вас, нанесете го маслото на ист начин, но оставете го да делува најмалку еден и пол саат, по можност до три. Потоа измијте ја косата како што тоа вообичаено го правите.

За борба со првутот, користете кокосово масло пред да почнете со миењето. Втријте 3 лажичиња од кокосовото масло во темето еден саат пред шампонирањето на косата. Користете го постојано како би ги добиле саканите резултати.

Како хидратантно сретство, кокосовото масло кокосовото масло едноставно и добро се впива во кожата. Неговите антимикробски карактеристики ги зацелуваат помалите рани на кожата како би се намалило дејството на бактерии и на штетните материи. Кокосовото масло лесно се употребува, само загрејте мала количина на дланката и нанесете го на кожата.

Кокосовото масло е совршена крема за лицето. После нанесувањето, кожата е сјајна и мека. Прави чуда во лечењето на сувата кожа, испуканата кожа и за омекнување на заноктиците.

Напиши коментар