Убавина

Убавината е во правилно нанесената шминка – Диего Да Ла Палма

А за неа постојат неколку трикови, кои со задоволство ги открива познатиот мејкап артист, Диего Да Ла Палма…

За жената да изгледа совршено и заводливо, не мора да биде нашминкана. Сепак, правилната употреба на маскарата и карминот, можат да бидат од корист…

Од која шминка никогаш не треба да се откажете ?

Сенките и моливот за очи се основните производи без кои не се може. Доколку жената има убаво обликувани усни – карминот е задолжителен.

Кои делови од лицето треба да се истакнат ?

Погледот најдобро го изразува сексипилот. За да дојде во прв план, Диего Де Ла Палма предлага користење на црн молив во внатрешноста на окото; погледот ќе биде заводлив и мистериозен. Ако имате темен тем, истиот молив можете да го употребувате и за веѓите, додека жените со посветол тен, треба да користат посветли сенки и посветол молив. Очите ќе изгледаат заводливо, дури кога шминкањето ќе се надополни со маскара.

Кои бои да ги изберете ?

Зависи од жената и модата. Општо, сивата, модите бои и зелената боја се ладни и недоволно секси. Портокаловата, бојата на бакар и сите земјени бои, праќаат сензуални пораки. Жената делува многу позаводливо, ако е страсна, а тоа ќе го постигне со црвен кармин.                              „ Интелектуален “ изглед се постигнува преку светла пудра што ги истакнува бојата и изразот на очите.

Напиши коментар