Сите знаеме како изгледаат последните актуелни тенденции во светот на обликување и декорирање на ноктите. Тоа е едно шаренило од бои, најразлични декоративни акценти, циркони, бисери и сјајни мотиви по ноктите, секој нокт со индивидуален дизајн…Меѓутоа едноставниот маникир е секогаш присутен и не значи дека е помалку модерен. Еве неколку добри идеи вашите нокти да изгледаат како оние од модните писти.








