Убавина

Убавината не е пресудна, создадете еротски капитал

За привлечноста важен е еротскиот капитал, а него го сочинуваат сексипилот, шармот, друштвеноста и секако сексуалните вештини. Добрата вест е дека се тоа може да се научи.

Сигурно сте приметиле дека ве привлекуваат и луѓе кои не се толку убави, но сепак има нешто кај нив и ве тера да ги гледате, ве привлекуваат. Тие луѓе се среќни, имаат еротски капитал.

Еротскиот капитал е спој на многу работи. Со други зборови тоа е мешавина на физичка и психичка привлечност. Затоа негувајте ја својата убавина, косата, кожата, ноктите… но најважната работа е изградбата на самодоверба пред се. Однесувајте се кон себе со голема почит, бидете друштвени, прочитајте некоја книга. Тоа е она што ќе ве направи попривлечна.

Напиши коментар