Здраво тело

Убавината води до депресија

Убавината е дар од природата но многу често таа создава големи проблеми на луѓето кои ја поседуваат. За еден од главните недостатоци на убавината зборуваат холандските психолози.  Многубројни истражувања покажале дека сите убави луѓе имаат еден заеднички проблем. Тој е особено карактеристичен и најдобро се забележува во детството. Станува збор за зголемен ризик од развивање на состојби на депресија.

Експертите се уверени дека атрактивните деца и млади личности се поизложени на стрес и депресија. Тоа се должи на неправилниот начин на воспитување и покасно однесување.

Уште во рано детство родителите на убавите деца имаат премногу високи очекувања, а детето расте под стрес поради страв дека нема да може да ги оправда очекуваните резултати. Како дополнување на ова, овие деца уште од најрана возраст стануваат свесни за својата надмоќ над  другите. Како резултат на ова кај нив се појавува гордост, што претставува голем проблем во комуникацијата и добрите релации со врсниците. На тој начин предизвикуваат завист кај мнозинството и фактот што не можат да се разберат со другите и да се спријателат води до појава и развој на депресија.

Напиши коментар