ШоуБиз

Убиецот на семејството Хадсон со максимална казна

Џенифер Хадсон ја слушна пресудата за монструозниот убиец кој ги уби нејизната мајка и брат. Судот на Вилијам Балфур му пресуди со максимална казна, а пресудата гласела: Вие имате празна душа како мрачна пространост и срце ладно како арктичка ноќ.

Инаку Вилијам во 2008 година влезе во домот на Хадсон и ги уби мајката Дарнел, 57, и Џејсон Хадсон, 29. Истата ноќ тој ја киднапирал и сестрата на Џенифер Хадсон, Џулија која всушност е негова поранешна девојка. Тогаш го киднапирал и нејзиниот седумгодишен син, кој по неколку дена бил пронајден мртов во напуштен автомобил. Причината за целиот овој грозоморен чин било тоа што Џулија си нашла ново момче.

Напиши коментар