Здраво тело

Ублажете ја кашлицата со ловоров лист

Ловорот е една од најпознатите билки во кулинарството. Меѓутоа, тој има и значајно место во народната медицина. Ловоровиот лист може навистина да ви помогне за да ја постигнете целта – совршено здравје.

Народната медицина препорачува консумирање на чаеви од ловоров лист. Овој чај успешно ја смирува кашлицата, односно искашлувањето.

Чајот од ловоров лист исто така им се препорачува на жените кои имаат болна менструација. Една шолја топл чај од ловоров лист за миг ќе ги намали болките.

Неколку ливчиња од ловор прелијте ги со врела вода и оставете ги десетина минути да отстојат во покриен сад. Од овој чај пијте по два до три пати во денот.

Напиши коментар