ШоуБиз

Учете англиски со Меган Фокс и Мајк Тајсон :)

Бразилското училиште за странски јазици „ССАА“ дошло до необична идеа со цел да ги инспирира луѓето да се запишат кај нив и да изучуваат некој странски јазик. За рекламата ја ангажирале Меган Фокс, како и поранешниот боксер Мајк Тајсон.

Рекламата оди вака. Млади бродоломци допливуваат на пуст остров и додека се обидуваат да си ја повратат свеста им се приближува Меган Фокс.

–          Добредојдовте на мојот остров, – им вели таа, а позади неа се појавува уште една Меган, па уште една… Островот е населен со клонови од преубавата актерка, но постои еден проблем – младите момци не знаат англсики!

Поради тоа, Фокс побеснува и ги враќа во морето, а на друг остров ги чека Мајк Тајсон. Погледнете ја и сами оваа инвентивна реклама.

http://www.youtube.com/watch?v=erBuKFX2wd8&feature=player_embedded

Напиши коментар