Во нив полесно ќе ги поднесете врелите денови, а истовремено ќе делувате и многу модерно. Како и секоја сезона, така и оваа машките бермуди го имаат приоритетното место во модерните парчиња облека за ова лето.
Ги имате на располагање во сите можни должини и дезени. Кратки, ултра кратки за најхрабрите, долги до колената, ги има еднобојни, карирани, цветни, во пруги, памучни, ленени…
Ова се неколкуте модели кои се најактуелни и најзастапени на модните писти.



