Убавина

Украсете ја косата со модерни детали…

Убавиот изглед на косата не го задоволуваат само формалностите. Да, потребно е да ја негувате Вашата коса, таа секогаш да изгледа сјајно и средено, неопходно е да ја фенирате и обликувате, меѓутоа најдобар ефект ќе постигнете доколку брилијантниот изглед го надополните со разновидните шноли, актуелни и оваа сезона.

Ваш избор може да бидат украсните венчиња, еднобојни, широки, тесни, украсени со штрас, каменчиња, панделки или цветови. Многу девојки ги сакаат бидејќи се погодни за комбинации и можат да бидат дел од секоја варијанта за облекување. Светкавите модели не се резервирани само за вечерни и посебни прилики, туку можат да бидат убав детал и за дневните комбинации. Актуелни се и шнолите кои се носат на страна, а ефективно изгледаат и закачено на опавче или пунџа. Не смеат да се заобиколат и обичните црни шноли кои потполно се поклопуваат со актуелните ретро стилови.

Напиши коментар