Celebrity

Уличен хит на „LMFAO“ и „Far East Movement“!

Сопствениците на хитот „Like a G6“ во соработка со момците од „LMFAO“ направиле ново видео. Инаку песната на „Far East Movement“ со наслов „Live your Life“ која е направена заедно со Justin Bieber си го направи своето и на задоволство на обожавателите беше извонредна.

Сепак, наместо канадскиот пејач да се најде во видеото, на спотот можат да се видат „LMFAO“ кои се тука да ги освојат улиците и заедно со една толпа луѓе да лудуваат и да се забавуваат пеејќи ги стиховите од синглот.

–          Веднаш се проширија вестите дека ќе снимаме низ град. Децата не беа на училиште поради штрајк на наставниците. Додека снимавме во автобус и низ центарот на Амстердам стотици деца беа околу нас на улиците. Го бркаа дури и нашиот автобус, – изјавил Kev Nish.

Погледнете го видеото:

Напиши коментар