Sweet Home

Ултра модерен и практичен мебел за мали простори

За повеќето луѓе, особено за оние кои живеат во релативно мали станови, потрагата по совршеното парче мебел, не е ни најмалку лесна работа.

Треба да се пронајде вистинскиот материјал, боја, облик и што е најважно, вистинската големина. Во нашиов сé понаселен свет веќе постои недостаток на простор… Ако всушност постои едно нешто што им недостасува на сите модерни домови… тоа е просторот !!!

Меѓутоа, еден извонредно паметен дизајнер од Летонија дојде до решенија кои мебелот го прават функционален и корисен, без да зазема премногу простор. Роландс Ландсбергс е дизајнерот на Boxetti, иновативниот систем кој ги става функционалноста, напредната технологија и современата естетика – минимализмот, на врвот на приоритетната листа.

Секој модул од Boxetti е дизајниран да постигне максимална ефикасност и да ги задоволи нашите потреби за современа функционалност и употребливост. Модулите, лесно се трансформираат во компактни цврсти блокови кои овозможуваат создавање на удобен простор, кој е ослободен од бескорисни предмети.

Напиши коментар