Имаме прилика за миг да го почувствуваме гламурозниот животен стил на богатите. Еден таков пример е оваа преубава вила, на топ дестинација – Ибица. Куќата претставува слика на ултра модерниот стил на уредување на просторот, исчистен од сите непотребни елементи и навидум создава стерилност, но токму во тоа е убавината. За архитектурата нема што повеќе да се каже освен десетка, особено за надворешниот простор каде се наоѓа базенот . Внатрешноста е обоена во топли чоколадни нијанси, млечно бела боја и секако елементи од природно дрво за да внесат малку топлина во вака минималистички уредениот простор.

















