Sweet Home

Ултра модерни кревети – за сладок сон !

Ултра модерно дизајнираните кревети претставуваат парче ексцентричен мебел , полн со гламур, шарм и модерен стил истовремено.

Во нив може да содржат фабрички вградени светла со најнова „ лед “ технологија, високо квалитетно озвучување и плазма екрани што секако ќе Ви го олеснат дополнителното опремување на спалната соба.

Овие кревети ветуваат многу ! Во животниот простор внесуваат свежина, опуштеност но и модерна елеганција.

Конструирани се така што на прв поглед делуваат многу екстравагантно, со тоа што на Вашиот мебел му даваат hi tech дух. Секој од овие кревети е модерен, шик и сензационален, па дури и ако не сте љубител на модерниот дизајн ќе Ви привлечат внимание и ќе Ве остават да размислувате.

Неспорно е дека на дизајнерите во овој случај мечтата е префрлена на волјата секој кревет да го претворат во модерно уметничко дело кое на ентериерот во Вашиот дом ќе му дадат автентичен и несекојдневен изглед.

 

Write A Comment