ШоуБиз

Uma Thurman го покажа трудното стомаче :)

Популарната актерка го искористила прекрасниот сончев ден за да се опушти на една од плажите во Сент Бартс. Со големиот стомак, најмногу внимание ѝ посветила на својата ќеркичка Maya (13) со која си играла во песокот.

Се работи за познатата актерка која го уби Bill, Uma Thurman (41) која треба да стане мајка по трет пат. Изминатиов викенд конечно се одлучила да го покаже својот огромен стомак и тоа гордо шетајќи се по плажата на едно од најмоденските места за одмор во светот.

Ова ќе биде прво заедничко дете на актерката со бизнисменот Arpa Busson. И двајцата имаат по две деца од претходните бракови.

Напиши коментар