Sweet Home

Уникатни – луксузни креветчиња за домашни миленици

Секој кој чува домашно милениче, барем еднаш се има најдено во ситуација на своето галениче да му пружи нешто посебно…

Во светот на богатите и славните, веќе е вообичаено кучето и мачето да се облекуваат во „pet“ гардероба која ги носи имињата на брендовите како: Prade, Louis Vuitton, Vere Wang…Неретко ги украсуваат и со рачно изработени детали и „ѓердани“ со Swarovski кристали, од природна кожа.

Без разлика дали сте во светот на познатите или не, сигурно го сакате најдоброто за Вашите миленичиња. Супер луксузните „ pet“ креветчиња станаа многу популарни, со оглед дека се изработени од најфини материјали што на Вашите миленици им обезбедуваат пријатен одмор и сон.

Изработени се во повеќе стилови и без оглед дали сте љубител на модерен или класичен дизајн, сигурно ќе го изберете најдоброто за Вашите омилени суштества.

Напиши коментар