Атлетичарот Usain Bolt ја прекинал 6-месечната врска со словачката модна дизајнерка со цел да се фокусира на претстојните Олимписки игри во Лондон.
Медиумите најавуваат дека Bolt раскинал со 27-годишната Ljubica Slovak бидејќи има намера да го повтори успехот од претходните Олимписки игри, кога освои два златни медали и постави два светски рекорди.
– Ќе има доволно време за врски. Моментално се концентрира на трчањето и не сака ништо да му пречи во тоа, – вели негов близок извор.
Ljubica своевремено се преселила во Канада, а потоа и во Јамајка каде со Bolt ги запознал реге пејачот Tami Ghynn.