ШоуБиз

Usher изневерувал со деверушата! :)

По сѐ изгледа попусти се обидите на Usher да се избори со поранешната сопруга Tameka Foster за што почесто посетување на своите деца или евентуално старателство. Според американските медиуми, Usher е обвинет од Tameka дека спиел со нејзината пријателка и деверуша од свадбата. Ако сето тоа е вистина, на раперот му нема спас.

Клучниот сведок е девојката со презиме Williams, која работела како дадилка на нивните деца.

–          Госпоѓица Williams патуваше во Мајами со вас и бебето. Таа беше дадилка на вашите деца, така? Таа си замина од Мајами бидејќи ве најде во кревет заедно со Maya Fox Davis?, – го запрашал Usher адвокатот на Tameka.

Адвокатот на раперот веднаш поднел приговор, кој судијата го прифатил, па раперот се спасил од одговарање на незгодното прашање. Што ќе се случува понатаму со овој судски спор, останува да видиме.

Напиши коментар