ШоуБиз

Usher се расплакал на суд!

Американскиот пејач Usher се расплакал во судот во Атланта откако адвокатот на неговата поранешна сопруга го нападнал дека не е добар татко и дека повеќе го интересираат журките отколку сопствените деца.

Usher се бори со поранешната жена Tameka Foster за старалтелство над нивните две деца. Вчерашното сослушување траело со саати, а адвокатот на Foster воопшто не го поштедил пејачот. Со цел да докаже дека раперот е лош татко, адвокатот во судницата почнал да покажува слики од журките кои Usher често ги посетува оваа година.

Правниот тим на мајката исто така тврди дека Usher има проблеми со дрогата и дека понекогаш се дрогира пред децата. Тој во минатото призна дека пуши марихуана, но на судењето е обвинет за користење појаки дроги.

Пајачот ги демантирал сите обвиненија.

Напиши коментар