ШоуБиз

Уште еден фустан од месо на Lady Gaga!

Еднаш Lady Gaga ја шокираше јавноста кога на доделувањето на наградите на MTV VMA 2010 се појави во фустан од месо.

Веднаш по овој настан, пејачката изјави во емисијата на Ellen DeGeneres дека никогаш не би ѝ паднало на памет да ги навреди вегетаријанците со својот избор на облека, а сите ние знаеме дека таа е една од најтолерантините личности од шоу бизнисот.

Овој пат Gaga се одлучила да направи слична комбинација. На Твитер ја објавила својата фотка на која е облечена во поинаков фустан од месо, а околу неа има мртви и одрани трупови на животни. Ова е дел од нејзиниот настап во Токио во склоп на турнејата „Born This Way Ball“.

Напиши коментар