Motherhood

Уште една добра причина трудниците да ги отфрлат цигарите

Најголемите ризици од пушењето за време на бременоста се веќе познати – се зголемува ризикот од спонтан абортус, раѓање на мртво бебе како и предвремено раѓање. Една нова студија покажа дека трудниците кои пушат имаат поголеми шанси да имаат дете со висок функционален аутизам.

„Познато е дека аутизмот е термин за широк спектар пореметувања на лоши социјални и комуникациски способности“, истакнува првиот човек во истражувањата, професорката Amy Kalkbrenner од универзитетот Wisconsin-Milwaukee.

„ Приметивме дека некои појави на атуизам, можат да бидат поттикнати од самиот фактор што мајката пушела во текот на бременоста.“

Професорката  Kalkbrenner и нејзините колеги ги проучувале податоците од стотици илјади деца од 11 земји. Откриле дека 13 отсто мајки, кај чии деца до осмата година е дијагностицирано аутистичко  пореметување, пушеле за време на бременоста.

Тие деца имале поголеми шанси да имаат висок функционален аутизам, кој има помалку сериозно влијание, односно кај кој донекаде постои способност за говор, читање и пишување.

„ Студијата не покажува дека пушењето со сигурност е причинител за аутизам“, вели  Kalkbrenner.

„ Но ни сигнализира дека постои врска меѓу пушењето и некои одредени типови аутизам“.

Останатите ризици на пушењето во текот на бременоста веќе се познати. Секогаш кога бремена жена пуши, го намалува снабдувањето плацентата со  кислород која игра огромна улога за растот и развојот на бебето.

Ова лоша навика го зголемува ризикот од абортус, раѓање на мртво бебе и предвремено породување, резултира со двостран ризик од смрт на веќе роденото бебе,  а го зголемува и ризикот од астма и ушни инфекции.

Бидејќи аутизмот вклучува широк спектар на состојби, а комбинациите во самата генетика и други околност и многу сложена, ниту една студија не може да ги прикаже сите причинители на аутизам.

„Целта на овој труд  е да открие макар и  делче  од сложувалката. А во тоа и бевме успешни“.

Студијата е објавена во списанието  Environmental Health Perspectives.

Напиши коментар