Актерот Метју Меконаи и актерката Камила Алвеш овој викенд го кажаа судбоносното ДА.
Тие направија веридба минатиот декември, а свадбата требаше да се одржи во Бразил ова лето, местото од каде потекнува оваа преубава дизајнерка. Но, магазинот People, напиша дека свадбата сепак се случила вчера и тоа во родната држава на Метју, Тексас.
Метју, 42, и Камила, 29, се во врска шест години и го имаат три годишниот син и едногодишната ќерка Вида.
