Мојата кујна

Уштипци од банани и сладолед

Потребни состојки:

–      2 зрели банани

–      2 лажици кафен шеќер

–      100 гр брашно

–      половина лажичка пециво

–      2 лажици кокосово брашно

–      масло

Подготовка:

Убаво испасирајте ги бананите со вилушка, во смесата ставете ги шеќерот, кокосот, брашното и пецивото. Убаво измешајте ги состојките.

Со помош на лажица ставете од смесата во загреано масло. Откако ќе заруменат извадете ги и ставете ги на хартиена салфета за да ја впие непотребната маснотија. Послужете ги со сладолед од ванила.

Напиши коментар