Убавина

Уживајте во сите благодети на јагодите

Вкусете го преубавиот вкус на јагодите, а воедно дајте му на телото се она што му е потребно. Дали знаевте дека со само 150 гр јагоди може да ја намалите нервозата, стесот и да го подобрите расположението?

Јагодите се богат извор на витамн Ц. Состојките кои ги има јагодата се моќни во спречување на главоболка колку и аспиринот.

Но, јагодите може да ви помогнат многу и во убавината. Ако сакате да го избелите и освежите лицето направете маска од јагоди, сок од лимон, и една лажица мед. Оваа маска ќе ви помогне да ги избледите флеките на вашето лице.

Јагодите ги избелуваат забите. Само тријте ги забите со јагода. На тој начин ќе ги отстраните флеките од кафе, никотин…

Јагодите ја зголемуваат и желбата за секс. Според научниците јагодите се најеротичното овошје. Искористете ги како дел од предиграта и ефектот ќе го имате веднаш.

Јагодите може да ги користите и како храна која ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми.

Напиши коментар