Убавина

Уживајте во тестенините и кога сте на диета

Веќе ни е добро познато дека ако сакаме да ослабеме, тестенините се една од првите намирници кои ни се строго забранети. Воедно, тестенините важат за една од најомилената храна. Тешко е да се одречеме од она што ни е навистина вкусно. Па еве една добра вест за сите љубители на тестенините.

Нутриционистите велат дека може да јадеме тестенини дури и кога сме на диета. Она на што треба да обрнете внимание е начинот на подготовка. Тие препорачуваат тестенините да се варат, но не доволно. Треба да ги јадеме кога се крцкави, не доволно сварени. За да не внесеме премногу калории избегнете ги калоричните сосови кои вклучуваат хопла, месо, јајца… Најдобро е да ги јадеме со вкусен доматен сос. Така ќе ја задоволиме потребата за тестенини, а при тоа нема да ја нарушиме диетата.

Напиши коментар