Убавина

Vajazzling – кристали на интимната зона

Vajazzling грозницата полека го зафаќа сиот свет,  па нам ни се чини дека нема да пројде долго време пред  да ги освои срцата и на овдешните девојки. Многумина веруваат дека Vajazzling  – от ќе ја загрози популарноста на тетоважите, другите пак сметаат дека е тотален кич, но за вкусовите нема да разговараме.

Што е vajazziling?

Vajazzling е украсување на интимните делови на телото со кристали. За разлика од тетовирањето при оваа постапка не се чувствува никаква болка, времетраењето на постапката е пократко од тетовирањето, но цената е малку „мрсничка“.

Dženifer Lav Hjuit не можеше да му одолее на овој тренд и таа е меѓу првите кои својата интимна зона ја декорираше со светли кристали.

Како се прави vajazzling?

Украсувањето треа кратко и постапката е едноставна. Пред се потребно е да се отстранат непотребните влакна од интимната зона со помош на бразилска депилација. Тоа гарантира дека кожата ќе биде идеално мазна најмалку недела дена, а со тоа и подолг рок на траење на кристалите, од 7 до 14 дена.

Кристалите се лепат еден по еден, што подразбира трпение на оној кој го работи vajazzling –от, особено доколку станува збор за некоја компликувана фигура.

Изборот каква фигура сакате останува на Вас… пеперутки, срценца, зборови, животни… размислете што е тоа што би го одушевило Вашиот партнер.

Цената на овој вид разубавување изнесува од 50 до 200 евра…

Вие одлучете дали вреди да го направите!!!

Напиши коментар