Sweet Home

Вака изгледа куќата на покојната Whitney Houston

Изминативе денови светот загуби голема дива, совршен музичар и идол на повеќе генерациии. За сите фанови, Ви ја претставуваме куќата на вечниот број еден- Whitney Houston…

Куќата на Whitney Houston повторно е на продажба одкако минатата година беше повлечена од пазарот, поради тоа што не беше постигната бараната цена.
Необичната куќа на Whitney Houston има високи тавани и многу природно светло. Куќата е видена во 2005 година на телевизиските екрани, во шоуто „ Being Bobby Brown“.

Пространата трпезарија е наменета за 12 луѓе, а кујната е комбинирана во црвено- бела комбинација, со голем „остров“ во средината. Дневната соба има високи тавани со специјално осветлување и заоблени прозорци, а надвор се наоѓа прекрасна тераса.

Вкупно, има 5 спални соби и 4 тоалети, а надворешноста на куќата е уредена со зеленило. Куќата се наоѓа на земјиште со површина од 5 хектари.

Whitney Houston во 2009 година се обидела куќата да ја продаде за 2,5 милиони долари, а потоа цената била спуштена на 1,97 милиони долари. Агенцијата за недвижности, сега ја објавува по цена од 1,75 милиони долари.

Напиши коментар