ШоуБиз

Вака ли изгледа принцот на бел коњ?

За потребите на снимањето на својот нов спот, Роби Вилијамс јавнал бел коњ облечен како витез, со големи бели крилја на грбот. За целосно доживување недостасува само, намесо коњ да јаваше еднорог…

Во вистински витешки оклоп и со огромни пердувести крилја на грациозен бел коњ се појавил јунакот Роби на улиците во Лондон. Во целиот стајлинг никако не се вклопувале зелените патики на неговите нозе кои тука се нашле веројатно по грешка!

На снимањето за новиот спот Вертиго, му се придружила и атрактивната бринета во син фустан која, очигледно ќе има една од главните улоги во спотот.

По снимањето, Роби го посетила неговата бремена жена Ајда, која во Лондон допатувала од Лос Анџелес со приватен авион и медицински лица. Ајда треба да се породи во секој момент, па двојката планираат да се селат во Велика Британија. Роби се доверил на пријателите дека сака неговата ќерка да се роди и да порасне во Велика Британија. “ Тоа му е исклучително важно. Се пресели во Америка за да ужива во анонимност, американски стил на живот и клим, но неговото срце сеуште чука за Велика Британија.”

Write A Comment