Тапетите чинат многу, но пак еден декориран ѕид во просторот создава неверојатна атмосфера и го збогатува доста амбиентот. Освен тоа за да може да се залепи тапета ѕидот мора да се глетува претходно за да биде идеално мазен. А нашава денешна идеја не бара ништо слично. Само изберете го ѕидот што сакате да го декорирате.
Ова е најважното од се: ви треба шема слична на оваа што ќе биде изработена на голема табла пластифицирана хартија со дезен што вие ќе го изберете. Најдобро е да побарате да ви го изработат стручно во некоја печатница.

Се поставува на ѕидот и се лепи…


Почнувате да нанесувате боја. Може да биде поликолор или пак со помош на спреј…

Првата фаза е готова…

Одиме понатака дел по дел…


Се додека не го добиете ова. Оргинално нели?

