ШоуБиз

Валканите тајни на Mike Tyson!

Светски познатиот боксер Mike Tyson бил гостин во една емисија, а поводот за гостувањето бил да ја искоментира својата биографија „Mike Tyson: The Undisputed Truth“ која беше објавена на 14-ти Април. На прашањето на новинарот што испуштил од биографијата, Mike искрено одговорил:

–          Спиев со една затворска службеничка и таа остана трудна, но реши да не го роди детето.

Сепак, не прецизирал во кој период од отслужувањето на затворската казна ова се случило и дали службеничката го абортирала бебето или случајно го изгубила.

Во својата биографија, Tyson открива и дека земал кокаин, морфиум и марихуана. Моментално е во брак со Kiki со која имаат две заеднички деца, а со другите жени во својот живот, боксерот има вкупно осум деца.

Тој сега тврди дека повеќе не се дрогира и дека води мирен, семеен живот.

Write A Comment