Откако го завршија 14 годишниот брак, Ванеса и Џони тргнаа во потрага по нова љубов. Џони веднаш ја објави врската со актерката Амбер Хард, но многу брзо по тоа ја прекинаа.
Сега Ванеса е таа која ги полни медиумите, и тоа со веста дека таа е во врска со големиот бизнисмен Гај Дејвид Герби. Тој е бизнисмен кој има заработено милиони.
Ванеса и Гај се запознале на летот од Лос Анџелес – Париз, во мај оваа година. Поминале неколку дена на одмор, а сега и официјално се во врска.
