Ванеса Паради конечно се реши да излезе пред јавноста и отворено да говори за нејзиниот развод со Џони Деп.
Таа изјави дека бракот со Џони кој траел 14 години бил нешто преубаво во нејзиниот живот. Јас бев со љубовта на мојот живот, и се беше совршено на почетокот, а потоа работите си го добија својот тек. По толку многу години поминати заедно сфатив дека јас го сакам но во исто време знаев и дека не сум среќна, а бев немоќна да направам било што за да ја променам целата ситуација, изјавила Ванеса.
Таа изјавила дека нема да остане затворена за новата љубов, и е во потрага по нова љубов, маж кој ќе има очи што “горат” и совршени усни.
Џони Деп пак кој започна романса со актерката Амбер Херд веднаш по разводот, се шшекулира дека и ставил крај и на таа врска.
