Дестинации

Ванкувер – идеалното ремек дело на Канада !!!

Како што кажува и самиот наслов, третиот град по големина во Канада, прогласен е за најпосакуваната метропола за живеење во светот.

Се прашувате зошто?… Постојат повеќе причини и можности кои ги нуди овој град. Го нарекуваат и мултикултурен град, бидејќи на секој агол можат да се слушнат различни светски јазици, што во проценти изнесува околу 52% жители, на кои англискиот не им е мајчин јазик.

Една од причините поради која овој град се наоѓа на врвот од листата  најпосетувани градови се природните  убавини кои претставуваат најголемо богатство во овој регион. Она што ги привлекува туристите е идеалната природа околу целиот град која заслужува да биде видена во живо, едноставно, задоволство е да се ужива во нејзините волшепства. Секоја година низ Ванкувер поминуваат околу милион луѓе на крстарење, што е јасен податок за посетеноста на овој град.

Архитектурата на централниот дел е  модерно уредена, со многу облакодери, деловни центри и многу други знаменитости во кои спаѓаат најстарата зграда, хотелот Ванкувер и интересната архитектура на јавната библиотека која потсетува на Римскиот колосеум.

Организацијата на градот е на високо ниво, така што од еден до друг крај од градот може да стигнете за петнаесеттина минути. Голема е и понудата на разни изложби, претстави, манифестации, концепирани да го задоволат сечиј вкус. Во Ванкувер, секој може да си најде своја занимација.

Ова е само кратко упатство околу тоа што сé нуди овој град. Доколку Ви се укаже прилика да го посетите, задолжително искористете ја.

Фотографиите се тука да кажат…повеќе од зборови…

Напиши коментар