Дестинации

Вануату – Земјата на зелените острови !!!

Мистичната туристичка дестинација, местото на изненадувањата, шарената земја со многу култури, архипелаг со вулканско потекло, преубавото место – Вануату, Ве очекува во секое годишно време… Неверојатната убавина и опуштениот начин на живеење се најпопуларни атракции на оваа островска држава.

Вануату е архипелаг кој се наоѓа во Тихиот океан, се состои од 83 острови, а 14 од нив имаат поголема површина од 100 километри квадратни. Некогаш познати под името „ Нови Хибриди “, име кое го добиле  од капетанот Џејмс Кук, овие острови, до 1980 година биле под власт на Франција и Британија. Од вкупно 83 острови, повеќето се со вулканско и планинско потекло. Дванаесет најголеми острови заедно покриваат 93% од земјата, а двата најголеми острови: Еспириту Санто и Малакула заедно ја сочинуваат половина од територијата на Вануату. Главен град е Порт Вил.

Вануату има и неколку активни и неколку подморски вулкани. Климата  варира од тропска до суптропска.

Магично место за одмор и на очите но и на Вашето тело !!!

Напиши коментар