Мојата кујна

Варено вино – за вистинско попладневно неделно уживање

Ако барате нешто што ќе ве загрее, а истовремено развесели ова неделно попладне, тогаш идеалниот рецепт за тоа е варено вино.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

½ полусуво црно вино

2 децилитри вода

3 лажици шеќер

1 до 2 мали лажички карамфилче

Цимет по вкус

Мускатно оревче по вкус

Портокал, лимон

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги сите состојки во сад за варење и ставете ги на рингла да се загреат.

Варете со точка на вриење но не смеете да дозволите за врие, затоа што ќе го изгубите вистинскиот вкус

Згреаното вино ставете го во пригодни чаши и додадете го портокалот или лимонот исечени на полукругови.

Сервирајте го врело – секако

Совет!!!

Предлагаме уште еден начин

Во сад за варење ставете малку шеќер и ставете го на оган. Кога шеќерот ќе се растопи сипете го виното во садот. Додадете каранфилче, мускатно оревче, ставете вода колку што сте ставиле вино. Пред да зоврие тргнете го садот од оган и сервирајте во пригодни чаши.

Уживајте!!!

Напиши коментар