Дестинации

Вашата дестинација од соништата…кажува нешто и за Вас !!!

Стручњаците ги анализираа некои од најпопуларните дестинации за одмор и донесоа заклучок во врска со тоа…какви луѓе всушност ги посетуваат???

Луѓето патуваат од различни причини. Некои, да истражуваат нови култури, додека кај други, фокусот е само во забавата. Така, одредени дестинации, привлекуваат одредени типови луѓе.

1. Париз – Во „градот на светлоста“ најчесто се оди поради самите Французи, кафето или филмот за Амели Пулен и туристите, едноставно се чудат зошто никој освен нив не носи баретки.

Така, доколку Париз е Вашата омилена дестинација, Вие сте, би можело да се каже, храбра личност, бидејќи не верувате во врска со стереотипите за непријателски расположените Парижани- снобови. Ја сакате уметноста или пак…едноставно…сакате да сакате ! Меѓутоа, во официјалниот Глобален извештај за посета на светски атракции, постои парадоксален податок кој кажува дека паркот Дизниленд е најпосетуваното место во Париз. Дури е попосетуван и од Лувр и од Ајфеловата кула.

2. Хаваи – Се поврзува со оние кои ги сакаат пространите плажи, маи коктелите и позирањето.

Можеби волшебноста се крие во сончањето на тропскиот остров и пливањето во солената вода, меѓутоа испитувањата покажуваат дека луѓето кои одат на одмор на Хаваи, ретко ја напуштаат хотелската зона, бидејќи се плашат од средба со локалното население и дивата природа.

3.Индија– Во една од цивилизациските колевки многу често одат луѓето кои имаат криза со идентитетот, која доаѓа во подоцнежните години или оние кои се фасцинирани од „Алхемичарот“, на Пауло Коелјо, или пак оние кои мислат дека индиската кујна е најздрава.

Исто така се поголем е бројот на туристи кои ја посетуваат Индија откако ја имаат прочитано книгата „ Јади, моли се, уживај“ или оние кои во младоста ги слушале Битлси. Како и да е, љубителите на Индија се сметаат за храбри и искусни. Тие секогаш имаат свои печатени водичи за патувања, знаат многу за јогата или самите ја практикуваат.

4.Мексико – Најчесто го посетуваат луѓе кои мислат дека сите таму играат „во возови“ и ги сакаат групните туристички прошетки. Меѓутоа, Мексико е многу повеќе од  прошетка низ локалните фабрики за текила, слики со сомбреро, во кои изгледате смешно и Ви служат за објавување на Фејсбук.

5.Места за кои никој никогаш нема слушнато – Тоа е посебен вид луѓе! Блогери кои сакаат да пишуваат, оние кои сакаат да имаат што е можно повеќе печати во Пасошот или оние кои мислат дека Тајланд не е доволно егзотичен.

Иако им е тешко да признаат, тоа се луѓе кои сакаат другите да им се воодушевуваат и стекнуваат статус: Патник…со големо П!

Напиши коментар