Еве неколку решенија …
Нека Вашето куче научи кој е главен уште на самиот почеток…Создадете правила и полека следете ги.
Ако Вашето куче лошо се однесува во одредени ситуации или опкружувања, избегнувајте ги тие ситуации.
Ако посветите внимание на Вашето кутре, бргу ќе научите што му е потребно и како да биде негувано.
Кога ќе добиете нов миленик, грижливо тренирајте го, така што ќе го ограничите и ќе му дозволите само мала област од Вашиот дом, заради поголема ефикасност.
Охрабрете го и наградете го доброто однесување.
Исправете го лошото однесување така што ќе му дадете алтернатива ( на пр. дадете му играчка и така ќе престане со игрите со Вашите кондури, или стапче за да не ги гризе столиците ).
Не го казнувајте Вашиот миленик физички и не терајте го да ги исполнува Вашите наредби. Така само може да ги зголемите стравот и агресивноста.
Немојте да охрабрувате грубо и агресивно однесување на Вашиот миленик. Тој не разликува кога тоа е прифатливо, а кога не.
Полека запознавајте го Вашето кутре со други животни, луѓе и околности…Ќе му биде попријатно да живее во вакви животни ситуации.
Ако Вашиот миленик продолжи со проблемите…побарајте совет од ветеринар.
