Стајлингот, односно стилот на облекување кој го негувате игра многу важна улога во формирањето на првиот впечаток за вас кај околината. Можеби мислите дека не е важна опаковката кога содржината е добра, но за почеток и опаковката е многу важна.
Најдобро е кога стајлингот ќе ја претставува вашата личност во најдобра светлина. Затоа пред да облечете било што, размислете за впечатокот што ќе го оставите кај другите луѓе, особено кај оние кои не ве познаваат и обидете се да направите вкусна комбинација од парчињата што ги имате.
Ние постојано ви нудиме разни совети преку примери обидувајќи се да ви ја доловиме суштината на добриот стил. Тоа најдобро ќе го сториме со помош на готовите комбинации кои често ги презентираме како и фотографиите на жените познати по својот добар стил.




















































