Убавина

Вашите пролетни чевли Ве издаваат…!!!

Всушност, тие откриваат дали сте класичарка, секси заводничка, рационална математичарка или мангуп…

Кажуваат повеќе отколку што можете да замислите…

Рамни сандали со ременче околу глуждот

Вие сте тип на девојка која радо би се одлучила за удобност, отколку за патењето кое доаѓа во пакет со секси модели на чевли. Не ја гледате потребата за болно вртоглави потпетици, ниту пак нестабилни платформи и сакате да ги задржите нештата цврсто на земја. Ви се допаѓа тоа што сеуште сте дете во душа.

Сандали со ниска потпетица

Повеќе сте роб на стил, отколку на сексипил. Па што ако Вашиот љубен не збеснува по Вашата гардероба??? Подобро би биле во тек со трендовите отколку да одберете нешто што е неодоливо секси, но прилично конвенционално.

Разнобојни чевли на полна пета

Вие сте ведра и го сакате слободниот дух. Вие сте друштвена пеперутка, која се дружи со секој кој ќе го сретне и имате еднаков распон на женски и машки пријатели.

Балетанки

Вие сте класичарка „ по учебник “. Сакате Вашиот распоред, животен стил, друштво и гардероба, да имаат стил. Повеќе сакате полароиди отколку дигитални фотографии, шармантни барови наместо кафулиња. Вам подрага Ви е Грејс Кели отколку Гвинет Полтроу.

Платформи со ременче околу глуждот

Вие сте неверојатно модно напредни. Први ќе го испробате интригантниот изглед и секако, први ќе се откажете од него. Вие сте онаа која ги поставува трендовите помеѓу пријателките.

Напиши коментар