Motherhood

Важно за детските заби!

Во периодот на формирање на забите и ткивото на непцето кај детето се е особено важно. Но пред се најголемо внимание родителите треба да посветат на балансираната исхрана. Правилата се елементарни – секој ден детето треба да јаде по еден продукт од следниве групи:

–        Овошје и зеленчук,

–        Млечни производи,

–        Леб или житарици,

–        Месо и јајца,

Детето треба да конзумира умерени количини слатки продукти и храна што содржи шеќер – бидејќи шеќерите се фактор кој создава услови за појава на кариес, но не треба да се исклучат сосема од менито. Шеќерите се извор на одредени хранливи материи за организмот. Важно е оваа храна да се избира и дозира многу внимателно. Сувото овошје на пример не е добар избор за малите деца.

Како што е добро познато, здравите заби имаат потреба од прием на  оптимално количество флуор секојдневно. За жал балансираната исхрана не ви го гарантира тоа. Основна улога тука има недостатокот или високата концентрација флуор во водата што ја пиеме.

Затоа за децата се препорачува изворска флаширана вода што во својот состав има оптимална концентрација на флуор и останати минерали.

Напиши коментар