Фантазијата на секое девојче, „ совршената “ претстава за девојка и сопатничката на детството – Barbie, послужи како инспирација за дом, типичен за нејзиниот розов свет.
Розова и совршено средена, со доминантен поп- арт стил и многу детали, куќата на Barbie се наоѓа во Малибу, а е дизајнирана од страна на познатиот дизајнер Џонатан Андлер, во чест на нејзиниот 50 роденден. Куќата и околниот простор се наоѓаат на површина од импресивни 3500 метри квадратни, а внатрешноста на домот е исполнета со ведри бои од кои секако, доминантна е нејзината омилена боја- розовата. Сите соби се украсени со детали од имотот на Barbie, а чувството да се биде внатре е вонвременсто, Ве прави да се чувствувате како во бајките.
Од гардеробер, до кујна и спални соби, се е инспирирано од слатката розова боја, а некаде е употребен и зебраст, бел и виолетов принт.
Оваа куќа е позната туристичка спа зона и за многу девојки кои сакат да се вратат во детството. Изнајмете апартман и уживајте во сите магични детали на Barbie: фустаните, шминките и чевлите. Во непосредна близина се наоѓа и прекрасна плажа…
Освен Кен, Barbie може да се пофали дека ништо не и недостига… Барем во овој дом…
Погледнете го !











Неизбежен дел од ентериерот е …!!!
httpv://www.youtube.com/watch?v=ZyhrYis509A&
