Убавина

Вечерна шминка: кафеаво – виолетова комбинација

Прекрасна есенска комбинација на две мошне актуелни бои: темно кафеава и виолетова. Оваа шминка е доста интензивна, па затоа наш совет е да не нанесувате руменило, а усните да бидат со кармин во нежна месо боја. Целта е акцентот да бидат очите.

Тоа изгледа вака и ајде да почнеме:

Почнуваме со бело моливче или бела сенка веднаш под веѓите што треба да се исенча…

Не плашете се да користите темни бои, сепак зборуваме за вечерен мејкап…

Темната сенка се нанесува само во надворешниот агол од окото и внимателно се сенча со поголема четка. Внимателно се исцртува и под долниот клепач со моливче или со помош на тенка четка и сенка. Виолетовата сенка почнувате да ја нанесувате од внатрешниот агол на окото, кон надвор, но не до крај.

 

На крај некаде во средината на горниот капак нанесете виолетови светки…

 

Write A Comment