Секако, за навечер е дозволено користење на појака шминка, но секако без претерување. Очите и усните можат да бидат со впечатиливи нијанси, но при тоа водете сметка сето тоа да биде избалансирано. Дозволена е и употребата на погуста подлога-пудра.
Коректорот за очи нанесете го со врвотите на прстите на местото кај подочниците и на капаците, за сенката за очи да може да стои подолго време. На Т-зоната која обично е најмрсен дел од лицето нанесете малку пудра во прав.
Сенката можете да ја нанесете во една или повеќе нијанси. Прво започнете со светлите, од работ на трепките до работ на капакот. Потоа на капакот нанесете средно темна сенка. Важно е нежно да ги изедначите премините измеѓу нијансите.
Ако немате време за прецизно исцртување на капакот со туш, тогаш користете моливче за очи. Ефектот на полни усни ќе до добиете ако рабовите ги исцртате со моливче во бојата на карминот или малку потемно, а потоа нанесете за нијанса посветол кармин. На средина на долната усна нанесете малку сјај кој визуелно ќе го зголеми волуменот.
Што се однесува до косата, важно е да е добро потшишана, затоа што тогаш и самото обликување ќе биде полесно. Доволно ќе биде пред излегување лесно да ја протресете со прстите и на краевите да ставите силиконски капки за да изгледаат посјајно.