Убавина

Вечерната нега за убава кожа наутро!

Еден од најважните моменти во грижата за кожата на лицето е вечерниот ритуал. Современата и модерна жена денеска посветува голем дел од времето за својот надворешен изглед, а тоа е невозможно без вечерната нега. Ќе ви кажеме како правилно да ја негувате кожата на вашето лице. За да биде ефективна грижата за кожата треба да оделите барем 5-10 мин за чистење на лицето. Снабдете се со млеко за чистење шминка или гел, соодветни за вашиот тип на кожа. За мрсна кожа се препорачува употреба на козметика која содржи овошни киселини.

После чистењето и миењето следува ноќниот крем. Со ноќниот крем и овозможувате на кожата наредниот ден да биде отпорна на сите надворешни влијанија поради хранливите и заштитни материи кои најдобро се апсорбираат по време на сон. Се препорачува два пати неделно длабинско чистење на кожата со употреба на маска и пилинг. Домашната рецепта за пилинг е следнава – две лажици мед се мешаат со една лажица смелено кафе. Ако редовно и ја посветувате неопходната нега, секое утро ќе се будите задоволни погледнувајќи се во огледалото.

Сите горенаведени едноставни но пресудни процедури за убавината на кожата, овозможуваат во текот на ноќта кожата да се регенерира и правлно да функционира.

Напиши коментар